Стоилов: Имаме уште еден меч – Австрија мора да ја добиеме!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација загуби од Чешка со 25-27 во второто коло на Европското првенство (ЕП) и покрај тоа што на полувреме имаше водство од два погодоци (11-9).

Македонските ракометари немаат многу решенија освен да ја победат Австрија во третото коло, по што би можеле да обезбедат пласман во следната фаза од натпреварувањето.

„Многу промашувавме против Чешка, а тие знаеја да казнат кога им беше најпотребно и затоа сега е таков резултатот. Мора да постигнуваме голови кога ќе добиеме шанса, па имаме уште еден меч кој мора да го добиеме“, вели Стоилов.