Навивачите на Голден Стејт ги мачи едно прашање: Кога ќе се врати Стеф Кари на паркетот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голден Стејт вориорс има проблеми со повреди на најважните кошаркари, а поради тоа поранешниот шампион во моментов е во ужасна форма и има само 10 победи и дури 34 порази.

Вориорс играат одамна без својот плејмејкер Стеф Кари, кој во октомври ја скрши раката, додека претходно одигра само четири меча за неговиот тим.

Набрзо се појавија информации дека сезоната за Кари е завршена, но сега од САД тврдат дека тоа не е вистина и постои можност кошаркарот да се врати на паркетот до крајот на сезоната.

Наводно, рехабилитацијата на Кари тече во добар правец, па тој би можел да заигра повторно на почетокот на март. Тоа значи дека до крајот на сезоната би можел да одигра околу 15-20 меча за Голден Стејт.