Европските гиганти ја загубија битката: Најголемиот талент на Динамо Загреб се сели во Германија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Загреб е одличен на трансфер-маркетот, па може слободно да се каже дека во последните години заработија многу пари од трансфери на своите фудалери.

Долго време се шпекулира за трансфер на бисерот на хрватскиот гигант, Дани Олмо, кој беше поврзуван со Барселона, Манчестер сити, Милан и многу други екипи, но тој ќе заврши најверојатно во Германија.

Според хрватските медиуми, Динамо прифатил понуда од германски Ред Бул Лајпциг во висина од 30 милиони плус 15 милиони евра за бонуси, со што целосниот трансфер на талентираниот играч ќе изнесува 45 милиони вра.

Шпанецот ги напуштил подготовките на Динамо и наскоро би требало да потпише договор со лидерот во Бундеслигата, кој има големи амбиции и се надева дека ќе ја освои титулата во германското првенство.