Познато каде патувал Коби Брајант со неговата ќерка Џиџи (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант почина во хеликоптерска несреќа која се случи во Калифорнија.

Во падот на хеликоптерот починале Коби и уште четири лица, меѓу кои била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи. Оваа вест ја потресе светската јавност, па многумина уште не веруваат што се случило.

„Си-Ен-Ен“ успеа да дознае каде патувал Брајант со својата ќерка, а за жал никогаш не стигнале на дестинацијата. Тој требало да оди на турнир и да ја води женската екипа во која играла неговата ќерка Џиџи.

Организаторите на турнирот потврдија дека Брајант го очекувале еден час пред почетокот на мечот, но сите биле изненадени кога дознале што се случило.