Светот згрозен поради грешката: „Би-би-си“ го „закопа“ Леброн Џејмс (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во моменти кога цел свет тагува и плаче по херојот на многу генерации, Коби Брајант, неговата ќерка Џина Марија и уште седум лица настрадани во падот на хеликоптерот во Калифорнија, британски „Би-би-си“ направи неверојатна грешка, која го згрози целиот свет.

Тие успеаа да ги помешаат Брајант и Леброн Џејмс, па на веста за несреќата на еден од најдобрите кошаркари во историјата искористија слиика од „кралот“.

Тоа предизвика жестоки реакции ширум светот, зашто сепак станува збор за една од најдобрите медиумски куќи во планетата, која не смееше да си дозволи ваква грешка.

Во секој случај, по целиот скандал се огласи и еден од главните уредници на медиумската куќа, Пол Ројал, кој се извини на социјалните мрежи поради грешката.