Жозе Мурињо по поразот од Лајпциг: Тоа е како да влеговме во пресметка со пушка без куршуми …


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тотенхем загуби од РБ Лајпциг со 0:1 во првиот натпревар од осмина финалето во Лигата на шампионите.

Германскиот тим ги искористи сите проблеми во напаѓачкиот дел од тимот на Жое Мурињо и дојде до голема победа, а Жозе Мурињо беше брилијантен по натпреварот.

На прашањето дали ги виде ’вистинските Спарси’ во последните 20 минути од натпреварот, Специјалниот беше доста изнервиран.

„Ајде, што мислиш за вистински Спарс? Ајде“, истакна Мурињо и продолжи:

“Ајде да бидеме фер кон момците и да речеме само тие дадоа се од себе. Ламела беше таму, дали знаете колку тренираше тој со остатокот од тимот? Нула. Тој дојде веднаш на теренот по паузата. Така е и ние во моментов. Ова е одлична група момци. од друга страна имавме тим кој имаше многу играчи кои играат со Шик, Вернер, Нкуку. Нкуку е уморен, Форсберг влегува , Шик е уморен, Пулен е влегува. Беше како да влеговме во борба без куршуми. Ние сме сеуште во игра, тоа не ми пречи за разлика од распоредот. Ќе играме уште еднаш. Лукас е мртов , Бергвин исто, Ло Селсо. Горд сум на овие момци, но ситуацијата е таква што се наоѓаме во неволја “.

Жозе зборуваше и за реакцијата на Деле Али, која полуде откако беше заменет.

“Мислам дека тој беше лут на себе, а не од мене. Игравме подобро кога тој излезе”, рече искрено Жозе.