Барселона доби одлични вести пред „Ел Класико“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу важен дуел во шпанскиот шампионат е пред Барселона и Реал Мадрид, кои ќе се соочат во „Ел Класико“ и ќе се борат за трофејот до крајот на сезоната.

Барселона пред големото дерби има два бодови повеќе од вечниот ривал, па со победа би избегале на многу повеќе, додека „кралевите“ се надеваат дека може да ги стигнат.

Двете екипи имаат големи проблеми, но сега Кике Сетиен има една грижа помалку. Жорди Алба се врати на тренинг, па одработи половина од него затоа што не е целосно подготвен за да заигра.

Најверојатно Барселона ќе има 15 првотимци на располагање за дербито, па Сетиен ќе мора да даде и тројца младинци за мечот против Реал.