„Имам многу грешки во тимот!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналд Куман беше незадоволен по поразот на неговиот тим од Лестер со 1:2 во 3-то коло од ФА купот.

„Ова не е лоша среќа, ова се грешки во тимот. Ниту еден од голот не го примивме случајно. Ова е тежок пораз за нас, но единствено што може да направиме е да ја научиме лекцијата.“

Куман доби прашање и за тоа дали ќе има засилувања во јануари.

„Не знам, работиме на тоа. За Морган најверојатно знаете, има и уште некои други играчи за кои размислуваме. Но, нема никој да го платиме повеќе од тоа што треба, само ако биде квалитетен играч за прифатлива цена.“