Лазаров: Дојдов во амбициозен клуб кој постојано напредува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првите импресии за потписот Кирил Лазаров ги искажа за официјалната веб страница на Нант, каде искажа задоволство од изборот на новиот клуб.

„Доаѓам во амбициозен клуб, кој од година во година напредува. Имам можност да играм во еден од најдобрите шампионати во светот и да играм во Лигата на шампионите. Ги гледам мечевите од францускиот шампионат и многупати сум го гледал Нант. Ова е ново поглавје во мојата кариера”, изјави Лазаров за официјалната веб страница на клубот.

Лазаров во следните неколку месеци ќе ги одигра последните мечеви за Барселона како дел од четиригодишниот договор, а потоа ќе се пресели во Франција.