Варежао останува во Голден Стејт, Бенет во Бруклин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот центар, Андерсон Варежао се договори со Голден Стејт за продолжување на соработката на уште една година.

Варежао потпиша ветерански минимум вреден 1.55 милиони долари. Бразилецот играше за Кливленд добар дел од минатата сезона, па потоа се пресели во Голден Стејт каде изгуби во финалето од Кливленд.

Ентони Бенет потпиша за Бруклин 2-годишен договор. Минатата сезона ја почна во Торонто Репторс каде одигра 19 натпревари каде имаше учинок од 1.5 поени и 1.2 скока по натпревар. Исто така Бруклин го доведе и Ренди Фој кој минатата сезона играше за Денвер и Оклахома. Со него потпиша 1-годишен договор.

Далас Маверикс и Квинси Ејси се договорија за 2-годишен договор вреден 1.2 милиони долари по сезона. Минатата сезона Ејси ја помина во Сакраменто каде имаше учинок 5.2 поени и 3.2 скока на 59 натпревари. Од Далас денес си замина Фелтон кој потпиша ветерански минимум со Клиперс.

Њу Орлеанс Пеликас договори 1-годишна соработка со Теренс Џонс кој минатата сезона во Хјустон Рокетс имаше учинок 8.7 поени, 4.2 скока и 0.8 скока.