Колегите одлучија – Наградата за најдобар играч на сезоната оди на „Бриџ“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Професионалните фудбалери кои настапуваат за клубовите од Премиер лигата одлучија наградата за најдобар играч во сезоната да оди на „Стенфорд Бриџ“.

Сезоната што изминува може да биде исклучително бериќетна за фудбалерите на Челси поради тоа што Сините се наоѓаат многу блиску до трофеј во Премиер лигата и ФА Куп, а не изостануваат ни индивидуалните награди.

Повеќе пати во текот на сезоната награди за најдобар менаџер и играч на месецот заминуваа на Стенфорд Бриџ, а вечерва и таа престижна награда наменета за најдобар играч на сезоната заврши во соблекувалната на Челси.

Наградата за најдобар фудбалер на сезоната во ПРемиер лигата што ја доделуваат фудбалерите (ПФА) отиде во рацете на играчот за врска на Челси Нголо Канте кој и беше назначен за главен фаворит!

Неуморниот играч за врска на Сините ја зеде титулата најдобар играч  играч во сезоната во изборот на колегите и така го наследи тронот од својот поранешен соиграч од Лестер Ријад Марез.

Французинот славеше во конкуренција на клупскиот колега Еден Азар, Хари Кејн (Тотенхем), Ромелу Лукаку (Евертон), Златан Ибрахимовиќ (Манчестер Јунајтед) и Алаксис Санчез (Арсенал).

Да потсетиме дека фудбалерите при изборот немаат право да гласаат за клупските колеги што ќе се каже дека Нголо Канте дека не можеше да добие гласови од соиграчите на Челси.

Нголо Канте во досегашниот тек на сезоната запиша 31 лигашки настап, постигна еден гол и запиша асистенција, но неговиот придонес за играта на Челси не се мери со реализаторските способности и додавања.
Играчот за врска на Челси оствари 110 успешни стартови, имаше 1899 пасови (88.78%), а притоа влезе во 342 дуели од кои ги доби 174.
На тоа додадете дека 72 пати пресече топка на противниците, дури 40 пати интервенираше кога беше потребно да се отстрани опасност, а оствари и 47 дриблинзи (68.09 %) иако техниката не му е силна страна.
Кога ќе се подвлече црта, се чини дека наградата отиде во вистински раце.

Да додадеме дека ист вид на награда за најдобар млад играч во Премиер лигата втора сезона по ред ја освои првотимецот на Тотенхем Деле Али.