„Го имавме потребниот став!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голден Стејт го декласираше Сан Антонио со 136:100 и сега води со 2:0 во серијата во финалето на Западот.

Најдобриот играч на тимот, Дурант изјави дека неговиот тим бил на висина на задачата.

„Нашата порака во текот на целата година беше дека мораме да бидеме сигурни. Мораме во натпреварот да влеземе со голема енергија и да го направиме првиот удар. Во првиот дуел го немавме тоа, но сега се беше во ред.“

Сан Антонио играше без Леонард, кој во првиот натпревар повторно се повреди.

„Знаевме дека Сан Антонио ќе биде ослабен, но и понатаму тие се тежок противник. Знаевме дека не можеме да излеземе на теренот и да се опуштиме.“