Уште само еден ден до големиот дуел: Вардар е подготвен за Малме


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Фудбалерите на македонскиот шампион деновиве се во Малме и се подготвуаат за натпреварот со шведскиот тим, во рамки од квалификациите за Лигата на Шампионите, натпреварот е на програмата утре со почеток од 19:00 часот.

„Вардар е најдобриот клуб од Македонија кој има навистина одлични поединци. Ако треба да кажам за квалитетот на тој тим, еве би рекол дека ако игра во шампионатот на Шведска тогаш сигурно би бил во најдобрите пет екипи.“ – Изјави Магнус Пехрсон

Во овој дуел шведскиот тим е голем фаворит, но Вардарци ветуваат борба до самиот крај а и самиот менаџерот на Малме, Пехрсон рече дека ова ќе биде тежок натпревар и нема да биде лесно да се победи македонскиот шампион.