ОФИЦИЈАЛНО: Стефан Ристовски нов играч на Спортинг Лисабон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Спортинг Лисабон го претстави македонскиот репрезентативен бек, Стефан Ристовски.

Ристовски во португалскиот гигант оди на едногодишна позајмица со опција за целосен откуп на неговиот договор од Риека.

Спортинг долго време беше заинтересиран за услугите на нашиот репрезентативец и на крај излезе како победник пред Феенорд и Баскишехир кои исто така го посакуваа во своите редови.