Кикс на водечките Шкендија и Вардар, Работнички врза две победи по ред


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Водечките тимови во нашето првенство Шкендија и Вардар денес забележаа порази од Академија Пандев односно Работнички.

Вардарци втор натпревар по ред претрпуваат пораз, овој пат беа совладани од градскиот ривал Работнички на „Филип Втори“ арената.

„Романтичарите“ со 3:1 славеа против Вардар со погодоците на Сержо Јуниор, Остоја Стјепановиќ и младиот Миле Тодоров. Единствениот погодок за Вардар беше дело на Дејан Блажевски кој од белата точка го матираше Божиновски.

Шкендија претрпе пораз од Академија Пандев на гостувањето во Струмица со 3:2. За струмичани прецизни беа Балдовалиев, Марков и Чешмеџиев, додека за Шкендија патот до мрежата го пронајдоа Радески и Ибраими.

Резултати:

РАБОТНИЧКИ- ВАРДАР 3:1
А. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА  3:2
ШКУПИ – ПОБЕДА    1:0
РЕНОВА – СКОПЈЕ    5:1
ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС    1:2