Мурињо доби примамлива понуда, можно е да замине по крајот на сезоната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските новинари се погласно шпекулираат за интересот на Пари Сен Жермен за услугите на Жозе Мурињо.

Португалецот во неколку наврати истакна дека нема да ја заврши кариерата во Манчестер Јунајтед и дека нема да биде „новиот“ Алекс Фергусон кој со децении беше предводник на „ѓаволите“.

Англиските медиуми денес излегоа со стории дека Мурињо веќе преговарал со претставници на ПСЖ преку неговиот агент Жорге Мендеш. Се шпекулира дека  Мурињо планирал да замине во Франција само поради фактот што не мислел дека Јунајтед е подготвен да парира на проектот на Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола.

По 11 одиграни кола во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед заостанува зад Сити цели девет бодови.