И Хрватска го доби предводникот што ќе ја води репрезентацијата во Русија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега и официјално се знае дека досегашниот в.д селектор на Хрватска, Златко Далиќ ќе биде предводник на „коцкестите“ на Мундијалот во Русија.

Интересно е тоа што договорот паднал во авионот кога Хрватите се враќале од гостувањето во Атина.

Веста ја потврди и претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер кој во изјава за „Вечерњи Лист“ кажа: „Селекторот на репрезентацијата Златко Далиќ ќе ја води екипата и на Светското првенство во Русија следната година. Веќе разговаравме со него и можам да потврдам дека ќе биде наш предводник во Русија. Останаа само некои формалности кои ќе ги решиме утре.“

Далиќ седна на клупата на Хрватска по отказот на Анте Чачиќ пред бараж натпреварите против Грција. Хрватска со одлична партија на „Максимир“ (4:1) си обезбеди пласман на Мундијалот наредното лето.