Младинците декласирани од Австрија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе убедлив пораз од Австрија во рамките на квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство во 2019 година.

Нашата репрезентација на „Филип Втори“ беше поразена со 0:4. Австријците дојдоа до водство уште во 11. минута кога Јакуповиќ со одличен удар го совлада Јанков. На 2:0 зголеми Матијас Хонсак во 26. минута, а десет минути подоцна Австријците си ја завршија работата со третиот гол кој беше дело на Конрад Ламер. Во првите десет минути од вториот дел падна и четвртиот гол, втор за Јакуповиќ на натпреварот.

Нашите репрезентативци не искористија удар од белата точка во 85. минута. Баумгартнер направи прекршок над Бобан Георгиев, но играчот на Вардар, Бесир Исени не го искористи и пропушти да го намали резултатот.