Баерн се издвои на врвот во Бундеслигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен полека но сигурно станува единствен кандидат за титулата во Германија.

По неколкуте кикса по ред на Борусија Дортмунд, Баерн Минхен се издвои на плус шест пред РБ Лајпциг и плус девет пред „Милионерите“ од Дортмунд.

Баерн Минхен денес на домашен терен со 3:0 славеше против Аугсбург. Првиот гол го постигна Видал во 31. минута. Само седум минути подоцна Левандовски зголеми на 2:0. Истиот играч го постави и конечниот резултат на почетокот на вториот дел.

Резултати:

Б. Леверкузен- РБ Лајпциг 2:2

Баерн Минхен- Аугсбург 3:0

Хофенхајм- Ајнтрахг Франкфурт 1:1

Мајнц- Келн 1:0

Волфсбург- Фрајбург 3:1