Шкендија продолжува да гази, Работнички се спаси против Ак. Пандев


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Шкендија продолжува со одличните настапи во ПМФЛ забележувајќи ја четвртата победа по ред.

Клубот од Тетово со високи 4:0 славеше против Скопје, а хет-трик постигна Ферхан Хасани. Уште еден гол постигна репрезентативниот бек Егзон Бејтулаи.

Работнички во финалните моменти од средбата во Струмица стигна до еден бод откако Сержињо постигна фантастичен гол во мрежата на Вујанац. Претходно најдобриот играч на пандевци, Зоран Балдовалиев го отвори резултатот во 52. минута од натпреварот.

Резултати:

Академија Пандев- Работнички 1:1

Шкендија- Скопје 4:0

Шкупи- Ренова 4:1

Победа- Силекс 0:2