Алиоски постигна одличен гол, но Лидс загуби убедливо од Вулвс (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ја врати формата од почетокот на сезоната и од натпревар во натпревар игра се подобро за тимот на Лидс.

Крилниот фудбалер трет натпревар по ред се запишува во листата на стрелците, но за жал овој пат неговиот одличен гол беше залуден затоа што Лидс загуби на гостувањето кај лидерот Вулверхемптон со 4:1.

Алиоски доби добра топка од Самуел Сајц и со одличен волеј удар го матираше Ради. Ова е четврти гол за прилепчанецот во дресот на Лидс оваа сезона.