Арсенал со спорна одлука до триумф против Барнли


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал имаше доминација на гостувањето кај Барнли, а победата ја обезбеди дури во 92. минута од пенал кој сигурно го реализираше Алексис Санчез.

Инаку, ова е трет пат по ред Арсенал минимално да слави против Барнли и тоа во продолжението од натпреварот.

И овој пат одлуката на главниот арбитер беше контроверзна. Имено, во шеснаесетникот на домаќините фаулиран беше Рамзи, но многумина веќе коментираа дека прекршок врз Велшанецот за пенал немало.