Пресврт во случајот со Фелаини


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулира дека Маруан Фелаини е незадоволен од третманот во Англија и наскоро ќе ја смени средината.

Се споменуваше трансфер во Турција, а некои медиуми отидоа дотаму што го најавија и како ново засилување за екипата на Јувенутс.

Сепак, како што пред малку објави „Скај Спортс“ Белгиецот веројатно ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед на дополнителни две години. Утрово неколку англиски медиуми пласираа вест дека Фелаини му кажал на Мурињо дека сака да замине, но тоа го демантира најугледниот британски медиум.

Маруан Фелаини ужива голема доверба кај Жозе Мурињо кој во неколку наврати го пофали белгискиот репрезентативец за неговиот придонес во играта на клубот.