Ливерпул го договори второто зимско засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул е блиску до реализација на вториот трансфер оваа зима. Откако го продадоа Фелипе Кутињо на Барселона и го купија Вирџил ван Дијк од Саутемптон, „црвените“ договорија уште еден фудбалер.

Станува збор за талентираниот играч на Фалкрик, Тони Галахер кој на „Енфилд“ пристигнува за сума од 200.000 фунти.

18 годишниот лев бек претходно поминал еднонеделен тест период на кој ги задоволил апетитите на Клоп кој одлучил да потпише со младиот играч. Галахер најпрво ќе му се стави на располагање на у23 тимот.

За Галахер заинтересиран бил и тимот на Манчестер Јунајтед кој во неколку наврати испратил скаути во Шкотска да го следат неговиот настап.

GETTY