Веднаш демант: Нејмар е среќен во ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голем број медиуми утрово излегоа со наслови дека Нејмар не е среќен во Париз и дека е подготвен да прифати помала плата од Реал Мадрид само за да се врати во Шпанија.

Сепак, извори блиски до „Скај Спортс“ пренесуваат дека Бразилецот е пресреќен во Париз и дека нема намера да го напушти клубот во блиска иднина. Медиумот вели дека блиските луѓе на Нејмар рекле дека вестите од утрово кои се пишуваа се чиста глупост.

Нејмар веднаш се адаптираше на играта на францускиот гигант и е еден од најдобрите поединци на клубот. Според Унаи Емери фановите го обожаваат бразилскиот интернационалец иако цел стадион му упати свирежи кога спречи Кавани да стане најдобар стрелец во историјата на клубот со тоа што не му дозволи да изведе пенал против Дижон.