Уште еден англиски тим пред промоција во четвртфиналето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул славеше убедлива победа од 5:0 на гостувањето во Португалија кај Порто.

Избраниците на Јирген Клоп одиграа симултанка на „Драгао“ и речиси сигурно обезбедија пласман во четвртфиналето. Вчера победи и тимот на Манчестер Сити на гостувањето кај Базел со високи 4:0 што значи дека Англија речиси сигурно ќе има најмалку двајца претставници во следната фаза.

Резултатот го отвори Мохамед Салах во 25.минута,  а на 2:0 зголеми Фирмино само четири минути подоцна.

Со овој резултат се замина на пауза, а во второто полувреме „црвените“ го дотолчија противникот со нови три гола.  На два пати Мане и еднаш Фирмино беа стрелци за Ливерпул за конечни 5:0.