Мурињо: Потребен ни е нов играч од средниот ред


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо истакна дека Манчестер Јунајтед мора да купи нов играч од средниот ред откако Мајкл Керик ќе се пензионира по крајот на оваа сезона.

36 годишниот Керик ќе се приклучи на тренерскиот стручен штаб на Мурињо на „Олд Трафорд“ од следната сезона со што ќе стави крај на 12 годишната играчка кариера во овој клуб.

„Потребен ни е играч од средниот ред затоа што ќе го изгубиме Мајкл Керик. Секако, потребен ни е баланс во тимот и јас тоа го кажав пред неколку месеци. Може да ме обвините за многу работи, но не може да кажете дека ве лажам. Кога не сакам да ви кажам некои работи, не ви ги кажувам, но не ве лажам и не ве упатувам во друга насока. Па сега ви кажувам дека не ни требаат напаѓачи или крилни фудбалери, но ние бараме играч од средниот ред“-коментираше Мурињо.

Еден од играчите кои може да го замени Керик е и Скот Мектомини кој оваа година има 12 настапи во дресот на Манчестер Јунајтед.