Никола Ѓорѓев на позајмица во Арау


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот младински репрезентативец кој има и пет настапи за сениорската репрезентација, Никола Ѓорѓев потпиша шестмесечен договор за позајмица со швајцарскиот второлигаш Арау.

Талентираниот фудбалер од средниот ред со офанзивни карактеристики не се снајде баш најдобро во тимот на Твенте каде замина на двегодишна позајмица од неговиот матичен клуб Грасхоперс, па од таму му кажаа дека нема да сметаат на него и да си бара нова дестинација.

Од Грасхоперс исто така не сакаа да го вратат младиот фудбалер, па тој мораше да ја бара среќата во други клубови. Најпрво беше на проба во австрискиот тим Алтах каде не најде заеднички јазик и не потпиша договор, за денес да стави потпис на договор со седмо пласираниот тим во швајцарскта втора лига, Арау.