Клоп пронајде замена за Емре Чан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул подготвува вистинска трансфер бомба за летниот преоден рок затоа што со сите сили ќе тргне по играчот на Тотенхем, Виктор Ванјама.

Ванјама беше незаменлив во редовите на Тотенхем се до една потешка повреда која го оддалечи подолг период од терените. Сепак, сега тој се врати и е подготвен целосно, па се почесто добива шанса во редовите на Тотенхем.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Клоп во Ванјама гледа идеално решение за замена за Емре Чан кој се уште го нема продолжено договорот со клубот и може да си замине во летниот преоден рок како слободен фудбалер.