Шкендија славеше над Академија Пандев и стигна до плус 11 во однос на Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Шкендија во снежни услови на домашен терен славеше против тимот на Академија Пандев со 1:0 и со тоа се одлепи на првенствената табела во однос на Вардар на плус 11 поени.

Тетовците не успеаја да реализираат два пенали во текот на средбата, а единствениот гол го постигна Ферхан Хасани во 79. минута од средбата.

На „Тумбе Кафе“ во Битола видовме навистина возбудлив натпревар во кој паднаа шест погодоци, а Победа и Шкупи ги поделија бодовите (3:3). Скопје и Ренова исто така ги поделија бодовите играјќи 1:1, а натпреварот кој требаше да се игра во Кратово меѓу Силекс и Пелистер беше одложен.