Јувентус со ултиматум до Емре Чан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Официјални лица на Јувентус оваа недела ќе се сретнат со претставниците на Емре Чан каде ќе дискутираат за условите кои ги бара Германецот.

„Газета дело спорт“ пишува дека Јувентус нема да чека повеќе од една недела за договор со играчот на Ливерпул.

Договорот на Чан со „црвените“ истекува ова лето и тој веќе подолг период се поврзува со трансфер во редовите на „Старата дама“.