Раиола со порака до Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на Марио Балотели, Мино Раиола го предупреди тимот на Наполи да тргне по услугите на неговиот клиент кога неговиот договор со Ница ќе истече на крајот на сезоната.

„Јасно е дека кој ќе го добие Марио како слободен фудбалер ќе направи одлична зделка. Доколку јас одлучував во Наполи, ќе го земев затоа што е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Сари знае дека тој би бил идеален за Наполи“-коментираше Раиола за Радио „Кис Кис Наполи“.

Марио Балотели ја „оживеа“ кариерата откако направи трансфер во редовите на Ница. Италијанскиот интернационалец беше еден од главните играчи на францускиот клуб минатата сезона, а игра одлично и оваа со што веројатно ќе се врати во репрезентацијата на Италија по долг период.