Академија Пандев донесе одлука и ќе продолжи да се натпреварува во ПМФЛ

0

Од редовите на Академија Пандев преку соопштение истакнаа дека нема да ја обжалат одлуката на ФФМ иако стојат на ставот дека истата е погрешна и дека ќе продолжат да играат во македонскиот шампионат.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Почитувани фудбалски пријатели, развојот на младинскиот и македонскиот фудбал секогаш е на прво место за ФК Академија Пандев АД. Иднината на македонскиот фудбал и тоа како не засега, ние како составен дел од Македонскиот фудбал ќе продолжиме преку развојаната програма и призмата на правдата да го следиме секое збиднување во МАК фудбалот. Остануваме на ставот дека Комисијата за натпревари на ФФМ донесе погрешна одлука и истата никако и никогаш нема да ја прифатиме, па макар и толкувањта да ги примаме сопомал интелекти правно погрешно да гитолкувамеодлуките.

Во интерес на нашиот клуб, на Првата МФЛ, во интерес на 15-ната репрезентативци кои ги имаме во младинските селекции, ФК Академија Пандев ве информира дека НЕМА намера да ја обжали одлуката иако во законски предвидениот рок го имаме истото право, но и се надеваме дека во иднина по никоја основа од спорниот член за настап наМлад Играчнема да биде оштетен ниту еден клуб без разлика дали тој се викал ФК Академија Пандев, ФК Шкендија, ФК Љуботен како најстар фудбалски колектив во Македонија или било кој друг.

ФК Академија Пандев АД како колектив ќе продолжи да се бори за развојот на младинскиот и македонскиот фудбал. Ќе ја надградуваме нашата развојна програма и ќе настојуваме да продуцираме што повеќе млади фудбалери за презентација на клупските и националните интереси. Како пример ќе ни послужи и последниот натпревар со ФК Шкендија на кој на теренот во Тетово продефилираа 6 играчи под 21 година во текот на натпреварот. Паметната мисла и концентрација во овие моменти ни се повеќе од потребни и истите ќе ги насочиме на зелениот терен и натпреварите што ни претстојат во иднина.

Веќе во недела продолжуваме со истото темпо за натпреварот против секогаш незгодниот и сериозен противник во тимот на ФК Ренова.

Секогаш и секој се стреми за посветла иднина, се надеваме дека на сите кои работиме во македонскиот фудбал не очекува истата.

Струмица, ФК Академија Пандев АД
03.03.2018
г.

Share.