Милески ќе селектира на тест средба со Работнички

0

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски на средба против тимот на Работнички ќе може да се увери во дел од потенцијалните репрезентативци за во иднина.

Натпреварот со Работнички ќе се одигра на 7. март во 14:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

„Првичната намера беше повиканите фудбалери кои конкурираат за место во репрезентацијата до 21 година да одиграат меѓусебна пресметка, но сега овој натпревар се поклопува со почетокот на Втората лига, а свои дуели имаат и Вардар, Шкендија, Силекс и Скопје. Токму поради тоа има одредени измени, но нашата цел останува иста. Им даваме шанса на фудбалерите кои немаа прилика да се наметнат во квалификациските натпревари и се надевам дека ќе извлечеме позитивни работи од овој мини собир. За мене секој натпревар е битен, уште повеќе што преку ваков тип натпревари бараме „новини“ кои можат да бидат од големо значење во пресрет на продолжението од нашиот квалификациски циклус. Се надевам дека фудбалерите исто така ќе го сфатат овој дуел и ќе не убедат во своите квалитети“ –коментираше  Благоја Милевски, селектор на Македонија до 21 година.

Ова е списокот на повикани фудбалери за средбата со Работнички:

Голмани: Томас Божиновски (Пакош Фереира, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Филип Илиќ (Вардар);

Одбрана: Филип Стојановски (Раднички Пирот, Србија), Дин Аломеровиќ (Селта Б, Шпанија), Нехар Садики (Работнички), Бесарт Кривањева (Шкупи), Давид Атанаскоски (Академија Пандев), Стефан Костов (Ренова);

Среден ред: Калвин Н`Сомбо (Хелсинки, Финска), Изет Ајрулаху (Одореу, Романија), Арменд Далипи (Цибалија, Хрватска), Омар Имери (Шкупи), Андреј Лазаров (Работнички), Петар Крстиќ (Раднички Ниш, Србија);

Напад: Влатко Стојановски (Ренова), Марио Крстовски (Академија Пандев), Христијан Велиновски (Академија ПАндев), Валон Етеми (Кукуши, Албанија);

Share.