Арсенал на „Сан Сиро“ го трасираше патот кон следната фаза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најголемото дерби во осминафиналето од Лигата на Европа помеѓу Милан и Арсенал припадна на гостинот од Англија.

Милан тргна офанзивно во првите 10 минути и константно притискаше кон голот на Оспина. Сепак, во 15. минута Микитаријан ја шокираше домашната публика со еден фантастичен погодок за 1:0.

До крајот на полувремето Милан се обидуваше да изедначи, но не со таков интензитет на притисок како во првите 10 минути. И повторно Арсенал го искористи притисокот на Милан и преку една полуконтра зголеми на 2:0 преку Ремзи.

Во вториот дел Милан напаѓаше, но Арсенал успешно се одбрани и во реваншот патува со голема предност од два гола.