Арсенал доби по еден подарок од судијата и Донарума и лесно го совлада Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Арсенал обезбеди пласман во четвртфиналето откако и на домашен терен беше поуспешна од Милан совладувајќи ги Росонерите со 3:1.

Гостите од Италија први тигнаа во водство со прекрасниот гол на Чалханоглу во 35. минута од средбата. Радоста на Милан траеше кратко затоа што во 39. минута главниот судија досуди непостоечки пенал за домаќините кој го реализираше Дени Велбек.

Во 71. минута Џака упати удар од далечина, а голманот на Милан, Џиџи Донарума реагираше катастрофално па топката заврши зад неговиот грб.

Точка на натпреварот стави Велбек со својот втор погодок во 86. минута од средбата.

Изненадување претставува елиминацијата на Борусија Дортмунд која не успеа да победи на гостувањето кај Лајпциг играјќи без победник во реванш средбата (0:0).

Исто така и францускиот Лион претрпе елиминација откако на домашен терен беше поразен од ЦСКА Москва со 2:3.