Рохо: „Ми беше страв дека Ферги ќе ме избрка од Јунајтед дека пукав петарди“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер кој настапува за Манчестер Јунајтед, Маркос Рохо изјави дека бил во навистина чудна ситуација од минатата година.

Имено, Рохо заедно со своето семејство го празнувал Божиќ до раните утрински часови, а следниот ден имал натпревар со Манчестер Јунајтед. Пред натпреварот му пристапил големиот Сер Алекс и со свои зборови го „здрвил“ играчот од одбраната на Манчестер Јунајтед.

„За Божиќ ми дојде семејството, се собравме и славевме. Останавме будни до доцна, фрлавме петарди после полноќ. Другиот ден игравме а Фергусон дојде да не гледа на „Олд Трафорд“ и пред натпреварот ми пријде и ми рече: „Гледам дека баш уживаше да фрлаш петарди доцна во мојот кварт“. Сакав да умрам, си реков дека ќе ме избрка од клубот, но за среќа се добро заврши“- истакна Маркос Рохо.

Алекс Фергусон е познат по тоа што не им дозволува на своите играчи да се забавуваат и покрај фактот што се работи за празнични периоди.