Голеада на „Сантијаго Бернабе“, феноменалниот Роналдо го водеше Реал до нова победа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Џирона со 6:3 во рамките на 29. коло од шпанската Ла Лига.

Ова беше одличен натпревар во кој гостинскиот тим покажа дека не е случајно на седмата позиција на табелата, но не можеше против Кристијано Роналдо кој денес беше феноменален.

Реал поведе по само 11 минути, а стрелец беше Кристијано Роналдо по асистенција на Тони Крос. Во средината од првиот дел гостите стигнаа до изедначување, а стрелец на голот беше Стуани.

Во вториот дел видена е вистинска голеада. Прво Реал во 47. минута преку Роналдо стигна до нова предност, а само 12 минути подоцна Лукас постигна нов гол со кој домашните поведоа со 3:1.

Пет минути подоцна Роналдо го комплетираше својот хет-трик за 4:1, а гостите во 67.минута преку Стуани намалија на 4:2. Подоцна Бејл погоди за 5:2, Хуанпе го постигна третиот гол за Џирона, а конечниот резултат го постави Кристијано Роналдо во продолжението од натпреварот.