Несторовски: Со победа против Финска да ја подобриме одличната атмосфера во нашиот табор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и член на Палермо, Илија Несторовски изјави дека нашата репрезентација ќе оди на победа на натпреварот против Финска.

Полека привршуваат и подготовките во Анталија во спортскиот центар Глорија во турскиот Белек, а Несторовски во изјава за ФФМ истакна дека во последните четири дена се тренирало максимално во одлични услови за работа.

„Тренираме максимално, имаме одлични услови за работа во изминатите четири дена. Финска е квалитетна селекција и ја сфаќаме сериозно. Ги анализиравме нивните добри и помалку квалитетни страни и верувам дека со победа ќе ја подобриме одличната атмосфера во нашиот табор. Тоа секако ќе ни биде дополнителен мотив и за дуелот против Азербејџан“- коментираше Несторовски.