Агуеро го дефинира времето кога ќе замине од Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Агуеро го дефинира времето на разделба со Манчестер Сити, клуб за кој со голем успех настапува од летото 2011 година.

Одличниот аргентински напаѓач посакува кариерата да ја заврши во матичниот клуб Индепендиенте, а тоа ќе го стори во 2020 година.

„Секогаш велев дека би сакал да се вратам во Индепендиенте кога ќе ми истече договорот со Сити, а тоа е во 2020 година. Но сега не размислувам за тоа, фокусиран сум само на добро завршување на клупската сезона а потоа и добар настап на Светското првенство“-коментираше Агуеро.

Напаѓачот кариерата ја започна во Индепендиенте од каде со 18 година премина во Атлетико Мадрид. По пет сезони минати меѓу „Јорганџиите“ Агуеро се пресели во редовите на Манчестер Сити.