ПСЖ и Реал Мадрид чекаат: Мурињо има само еден план, а тоа е „клоца“ за Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо нема повеќе трпение со Пол Погба, кој пристигна пред две и пол години во Англија за 105 милиони евра.

Медиумите пишуваат дека Мурињо го нервира тоа што Погба повеќе време троши на својот имиџ, отколку на фудбал.

Мурињо наводно ги сака Тони Крос и Рафаел Варан, па би сакал да им го понуди Погба плус парични средства за реализација на тие трансфери.

Ако не се случи тоа, тогаш Мурињо алтернатива гледа во Марко Верати, па ќе соработува со ПСЖ.