УЕФА воведе нови правила за Лигата на шампионите од следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Европската куќа на фудбалот, УЕФА воведоа нови правила кои ќе почнат да се применуваат од следната сезона во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Имено, играчите ќе имаат можност да настапуваат за различни клубови во исто Европско натпреварување од следната сезона. Досега, играчите кои ќе направеа трансфер во јануари, а за претходниот клуб ќе имаа настап во европските натпревари, немаа можност да играат за новиот клуб во Лигата на шампионите или Лигата на Европа (Фелипе Кутињо или Пјер Емерик Обамејанг).

Новина од следната сезона ќе биде и воведувањето на четврта измена во натпреварите со елиминационен карактер. Имено, доколку натпреварот замине во продолженија, тренерите ќе имаат можност да искористат и четврта измена.

Клубовите кои ќе стигнат до финалињата во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и УЕФА Суперкупот ќе имаат можност во составот да вклучат 23 играчи наместо досегашните 18. Така наместо досегашните седум играчи на клупата за резервни фудбалери, клубовите во финалињата ќе може да имаат вкупно 12 фудбалери.