Инфантино: ВАР е подготвен за Светското првенство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино по состанокот со челниците на УЕФА и Европската асоцијација на клубови во Рим зборуваше за значењето на воведувањето на видео технологијата во фудбалот.

Многу луѓе од светот на фудбалот ја подржаа одлуката за користење на ВАР системот на претстојниот Мундијал во Русија. Претседателот на ФИФА, Инфантино верува дека таа новина ќе биде доста позитивна.

„ВАР ќе биде подготвен за почетокот на натпреварувањето во Русија. За Светското првенство ќе тренираме и ќе ги подготвиме судиите, а ист случај ќе биде и со видео технологијата. Таа одлука не ја донесовме одеднаш, туку по многу размислувања. ВАР успешно се применува во неколку силни лиги, па очекуваме дека ист ќе е случајот и во Русија“- коментираше Инфантино.

Видео асистентот на судијата се почесто се користи на терените ширум светот, а веќе успешно се употребува во Серија А.