Реал пикира играч на Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Импресивните настапи на Рахим Стерлинг од оваа сезона не останаа незабележани, па така еден од најголемите светски клубови, Реал Мадрид ќе се обиде да го донесе англискиот репрезентативец во своите редови.

23 годишниот фудбалер оваа сезона има постигнато 15 погодоци за Манчестер Сити и е еден од најдобрите играчи на тимот кој со крупни чекори оди кон освојување на титулата во Премиер лигата.

Медиумите во Англија пренесуваат дека Гвардиола ќе има тешка задача да го Стерлинг во своите редови по интересот од Реал Мадрид.

Се уште не се знае висината на оштетата која би ја платиле „Кралевите“, но се шпекулира дека во понудата ќе го вметнат и Иско.