Сити со крупни чекори граби кон титулата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити полесно од очекувањата помина на гостувањето на „Гудисон“ и со 3:1 славеше против Евертон.

„Граѓаните“ ја завршија работата уште во првиот дел по трите погодоци во мрежата на Пикфорд. Најпрво Сане го отвори резултатот за 1:0 во четвртата  минута, на 2:0 зголеми Де Брајн во 12. минута, а третиот гол за Сити беше дело на Стерлинг.

Јаник Боласи го постигна почесниот погодок за Евертон во 63. минута од средбата.

Со оваа победа Манчестер Сити повторно се одвои на плус 16 во однос на Манчестер Јунајтед пред градското дерби кое на програмата е следната недела.