Челси се подалеку од Лигата на шампионите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем славеа на гостувањето на „Стемфорд Бриџ“ кај Челси со 3:1 во можеби одлучувачкиот натпревар за пласман во Лигата на шампионите.

Пред овој натпревар разликата меѓу четвртопласираниот Тотенхем и петтиот Челси беше пет бодови, а сега истата изнесува осум бодови на седум кола до крајот на првенството. Тоа значи дека „сините“ ќе имаат неверојатно тешка задача да стигнат до најелитното европско натпреварување за следната сезона.

Домаќините добро ја започнаа средбата и во 30. минута имаа водство по големата грешка на Лори и погодокот на Алваро Мората. Сепак, во судиското продолжение на првиот дел Кристијан Еериксен постигна феноменален гол за изедначување на резултатот.

Во продолжението гостите играа многу подобро и преку Деле Али во 62. и 66. минута стигнаа до пресврт и голема победа која речиси сигурно им носи учество во Лигата на шампионите за следната сезона.