Ѓоре Јовановски нов тренер на Работнички


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот стратег Ѓоре Јовановски е именуван за нов тренер на Работнички по оставката на досегашниот предводник на клубот, Горан Станковски.

Ова за Јовановски е трето враќање меѓу „романтичарите“ откако претходно беше на нивната клуба од 2003 до 2007 и во сезоната 2011/12.

Договорот со Ѓоре Јовановски е потпишан до крајот на оваа сезона, а за евентуално продолжување на соработката  ќе се размислува во текот на летото.

„Јовановски се враќа во добро позната средина. Веруваме дека може многу да донесе пред се зa психолошко враќање на екипата. Се договоривме за соработка до крајот на сезоната, а потоа од јуни ќе размислуваме за евентуално продолжување на истата“ – истакна претседателот на Работнички, Драган Поповски.