Бев подготвен да се преселам во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аријен Робен истакна дека бил подготвен да потпише за Манчестер Јунајтед по вечерата која ја имал со Сер Алекс Фергусон во 2003 година, но тие никогаш не му понудиле договор.

Робен во интервју за спортскиот магазин „Фор Фор Ту“ истакна: „Имав многу добар разговор со Фергусон на вечера во Манчестер. Исто така бев и во посета на тренинг центарот на Јунајтед и се беше одлично, но откако се вратив во ПСВ ништо не се случи.

Немаше нов контакт и догвор не се случи. Од ПСВ исто така преговараа и со Челси,  а дали тие понудиле повеќе пари, искрено не знам.

Доколку Манчестер ми понудеше договор веднаш откако се сретнав со нив, со сигурност ќе потпишев, но за жал тоа не се случи.“

Робен по авантурата во Челси се пресели во Реал Мадрид од каде замина во Баерн Минхен каде се задржа најмногу и забележа најмногу успеси.