На повидок голема размена на релација Мадрид- Манчестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Англија пренесуваат дека од Реал Мадрид планираат да пазарат во Манчестер и за таа цел да испратат дури тројца играчи на „Олд Трафорд“.

Веќе е јасно дека „Кралевите“ се заинтересирани за Давид Де Геа, но од Манчестер Јунајтед подготвуваат богат договор за Шпанецот со кој ќе го задржат во своите редови минимум уште три години, што значи дека веројатно Де Геа нема да се пресели во Мадрид.

Сепак, Зидан наводно бил заинтересиран во Реал да ги види своите сонародници Пол Погба и Ентони Марсијал. И двајцата имаат проблеми со Мурињо и нивната форма варира, па лесно може да се случи да си заминат ова лето.

Од Реал се подготвени да ги понудат Герет Бејл, Тони Крос и Лука Модриќ во замена за овие двајца фудбалери.