Крај на агонијата: Бен Арфа наскоро ќе има нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Хатем Бен Арфа вчера прослави точно една година од последниот негов настап за клубот од Париз.

Французинот не е повреден, но поради неговата недисциплина беше оддалечен од клубот веќе една сезона. Слични проблеми Бен Арфа имаше и додека играше во Њукасл и Хал, а одличните настапи во Ница за момент ги „излажаа“ фудбалските работници дека Французинот го сменил својот карактер.

Сепак испадна дека не било така, па сега Бен Арфа среќата ќе ја бара во МЛС Лигата. За него голем интерес постои од тимот на Монтреал Импакт кој од клупата го предводи Реми Гарде.